Зоран Заев го навлече гневот и предизвика лавина негативни реакции на македонската Твитер-заедница по објавата за настапот на трибината во Велес од кампањата на СДСМ со мотото „На прав пат“.



„Денес сме почитувана земја од целиот свет, конечно сме признаени како Македонци со македонски јазик. ФИРОМ е позади нас и сега никој не го негира нашиот идентитет. Ние сме единствена земја која нема проблематични односи со соседите. Даваме пример дека сме на правиот пат“, твитна премиерот и доби канонада жестоки коментари:

„Вие сте #северџгани, а ние останатите сме Македонци. Бугарите јазикот не ти го признаваат. Северномакедонски е придавката. А цел свет ве ословува како North Macedonians“;

„Не пишуваше ФИРОМ во пасош“;

„Кој те почитува бе несреќо една… Ни по дома не те почитуваат. Еххх ме изнасмеа“;

„Благодарејќи на вас, господине Заев, денес сме само коса црта“;

„И Република Македонија е позади нас“;

„ФИРОМ бевме за Грција, плус нејзините десетина очајни сојузници на запад од Алпите. Денес сме Северџанија, пример за недостаток на човечко достоинство на светско ниво. Твоето налудничаво дело мора да биде поништено. Да живее #Македонија. Само #Macedonia“.

Другите одговори на постот на Заев не се за објавување.