Премиерот Зоран Заев вели дека поднесените 5.000 амандмнани од ДУИ на измените на Изборниот закон е прва конфронтација меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ.
„Тука ќе стане првата конфронтација, ние сме најавиле една изборна единица, ќе се бориме до крај. Амандманската расправа можат да ја користат како нивно деловничко право. Но, ние ќе опстоиме, јас повикав во Парламентот да се преброиме, да видиме колку од претставниците на граѓаните изразени преку мандати се за промена на изборниот модел и секако тука ќе изгласа Парламентот“, изјави Заев за поднесените пет илјади амандмани од ДУИ. Секое блокирање, според него, треба да им биде објаснето на граѓаните.
Премиерот, сепак, е убеден дека владината коалиција е создадена на здрави програми и основи, оти функционира добро и покрај разидувањата за некои прашања.
СДСМ поддржува измени со кои се предлага една изборна единица и отворени листи, и премиерот бара ВМРО-ДПМНЕ која поднесе 1.000 и ДУИ да ги повлечат амандманите и да се отвори дебата.
Заев вели дека од измените најмногу губи СДСМ, и потоа ВМРО-ДПМНЕ, а сите други добиваат, вклучително и ДУИ.





