Заев призна дека Македонија не добила датум за преговори во јуни (ВИДЕО)

Премиерот Заев јавно призна дека Македонија во јуни не добила датум за преговори со ЕУ и дека шефот на Европскиот совет Доналд Туск очекува тоа да се случи идниот јуни.



Вчера во брифингот на Владата за медиумите добија различна формулација од таа што во изјавата ја раскажува премиерот.

Единствен медиум кој објави дека Македонија во јуни може да добие датум за преговори беше МИА но најголем дел од провладините медиуми не напиша што точно рекол Туск туку дадоа поинаква вест за изјавата.

Видеото со признанието на Заев го објави владината прес служба.

Во јули Заев и владата инсистираа дека ЕУ и дала датум за преговори и информациите дека тоа не се случило ги нарекуваа дегутантни и лажни вести.

Вчера expres.mk објави дека ЕУ ја расчисти дилемата дали Македонија има датум за преговори.

Туск откри кој лажел во јуни за датумот за преговори со ЕУ