Премиерот Зоран Заев и членовите на делегацијата на Владата, во рамките на Минхенската конференција за безбедност се сретнаа со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.
Харадинај честитал за статусот поканета членка во НАТО и изразил надеж дека ратификацијата на Протоколот за пристапување ќе заврши многу брзо, пренесува Макфакс.
Владината делегација на Република Северна Македонија на Минхенската конференција за безбедност ја сочинуваат министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Џевад Адеми





