Мајката на исчезнатото момче Пинета Секондо – Пино, Маја Трпковска, вели дека премиерот, Зоран Заев, ја пријавил за вознемирување.



„Контактирав со премиерот, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Затоа што кога премиерот ме пријави, сите тие што ќе ме пријават после се нула во споредба.

Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpyвање“. Вели Трпковска како што пренесува „Фокус.

Пино исчезна на почетокот на декември лани и досега нема никаква трага од него.