Заев премиер и во наредните 4 години

Постигнат е договор за влада меѓу СДСМ и ДУИ, а предлогот на распределбата на ресорите треба денес и утре да бидат одобрени и од партиските тела.



„Овој договор кој што го постигнавме ние како претседатели на партиите ќе биде доставен на презентирање и одобрување пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ во текот на денешниот и утрешниот ден, рече Заев.

Премиер во полн состав во наредните години ќе биде лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев.

Тој ова го соопшти на денешната прес конференција по завршување на преговорите со ДУИ.