Заев пред три недели ја испофали полицијата за борбата со Ковид-19, а сега бара оставка од Чулев?!

Што се смени само за дваесетина дена, па од честитки на полицијата за придонесот во борбата со коронавирусот лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да премине на барање оставка од првиот полицаец Наќе Чулев?



На 7 мај експремиерот го честита Денот на македонската полиција, искажувајќи низа комплименти за неа во објава на Фејсбук:

„Нека е честит 7ми мај – Денот на македонската полиција!

Полицајците се нашите заштитници, нашите чувари на граѓаните, нивните права и безбедност.

Во период кога се справуваме со сериозна закана од глобалната пандемија, полицајците беа во првите редови во борбата против коронавирусот.
Македонските полицајци покажаа висок степен на подготвеност, професионалност и пожртвуваност во заштита на јавниот ред и мир, посветеност во спроведувањето на мерките и спречување на заразата од коронавирусот.
Со тоа, и полицајците даваат свој значаен придонес во заштита на јавното здравје.

Во изминатите години преку процес на реформи и професионализација, полицијата ја врати довербата и угледот кај граѓаните. Денес таа е вистински сервис на граѓаните, нивен заштитник и предводник во обезбедувањето на безбедноста и стабилноста на целото општество.

Ви благодариме!“, напиша тогаш Заев.

Наспроти овие пофалби, три недели подоцна Заев удри по министерот за внатрешни работи Чулев и по лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за алармантното зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19?!