Во интервју за сараевската „N1“, премиерот Зоран Заев рече дека Никола Груевски пред да избега во Унгарија се состанал со српскиот претседател, Александар Вучиќ и унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Тој бил кај нив. Тоа е јавно објавено и притоа не е јасно за што разговарале. Остана тајна. Груевски побегна од Македонија преку Албанија, каде го пречекало унгарско дипломатско возило, по што ја минал границата со Црна Гора. Таму го чекале други унгарски дипломати, а потоа ја преминал границата со Србија и на крајот стигнал во Унгарија“, изјави Заев.
Кога ќе заврши истрагата што се води во Македонија, се ќе биде објавено.





