Заев потрошил од 2/3 мандатот на одговарање пораки

Едноставната анализа на фејсбук активистот Иљче Затаракоски покажува дека премиерот повеќе од една третина од својот мандат го поминал во одговарање на пораки од граѓани.



Заев лани изјави дека дневно одговара меѓу 2 и 5 илјади пораки.

“Две до пет илјади пораки дневно, еве да речиме во просек, три илјади. По 635 дена власт, Заев одговорил на 1 905 000. На секоја порака да трошел 10 секунди, то се 19 050 000 секунди или 317 500 минути или 5219 часа или 220 дена.

Значи повеќе од третина од владеењето, Заев го поминал во враќање на пораки. Браво”, пишува Затаракоски кој сепак не пресметал добро.

Речиси невозможно е една порака да се прочита, анализира, да се смисли одговор и истиот да се напише, за тоа е потребно најмалку една минута.

Но дури и да се пресметуваат 20 секунди како минимално време тоа би значело дека Заев две третини од мандотот одговарал на пораки а остатокот од животот и денот го минувал во водење на владата, со семејството, на патување, возење мотори, и сите други активности.