Премиерот во заминување Зоран Заев утрово изјави дека ја потпишал оставката, по што треба да биде свикана собраниска седница на која ќе биде констатирана оставката, а до вечер и избрана техничката влада која ќе раководи со земјава до изборите на 12 април..
„Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за во текот на денот да може да почне процедурата и да се завршат работите за избор на преодната влада“, рече Заев во емисијата „Утрински брифинг“.
Собранието треба да одржи две седници: Една на која ќе биде констатирана оставката на премиерот Заев, што повлекува и оставка на целата Влада, и втора, на која треба да се изгласа преодната влада што ќе ги спроведе предвремените парламентарни извори на 12-ти април 2020 година.




