„Ваквиот исчекор на ЛДП е повредување на коалицискиот или заедничкиот настап. Не е потребно сега, можело да се почека 15 дена или месец дена, ама ЛДП е партија и сама си одлучува за тоа. Ова го сметам за удар на СДСМ, бидејќи времето не соодветно за таква одлука“, изјави Заев по одлуката на Либерално-демократската партија нејзините двајца пратеници да делуваат самостојно во Парламентот.
Заев рече дека владејачкото мнозинство е стабилно и оти таквата одлука на партијата била донесена од порано.
„Во околности кога опозицијата тврди дека може да формира мнозинство, а власта тврди дека тоа апсолутно не е возможно, ваквиот исчекор од страна на ЛДП апсолутно е испраќање на јасна порака којашто е повредување на коалицискиот или заедничкиот настап“, рече Заев.






