Премиерот Зоран Заев верува дека постои подобар договор меѓу Северна Македонија и Бугарија што би можел да се постигне и верува дека тоа го знае и бугарската страна.



„Постојат начини како да се решат разликите и дипломатијата ги познава. Верувам дека ќе употребиме еден од начините двете страни да бидат задоволни и да ги држи подеднакво среќни“, вели Заев за бугарските најави за блокирање на првата меѓувладина конференција на Македонија и ЕУ.

Тој нагласи дека последен пат со бугарскиот колега Борисов разговарал на една недела пред празникот 11 октомври.

„Разговаравме со мојот пријател и брат за многу актуелни теми меѓу кои и оваа, но и за економската соработка, за ковид-помошта меѓу двете земји, за Берлинскиот процес каде земја кандидат првпат е коорганизатор и дека треба да ги охрабриме двете комисии да продолжат со работа и низ историските прашања да наоѓаат решение“, рече Заев, пренесува „Плусинфо“.