Заев: Почитуваниот Нефи да ја отстрани дивоградбата (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска побара од општинските власти во Охрид да постапат согласно законот и да ги отстранат нелегалните објекти, а доколку не, ќе им бидат одземени надлежностите и централната власт ќе ја заврши работата.



„Јас му реков на градоначалникот да постапи согласно законот. Ако не, ќе постапиме извршната власт и таа дивоградба, и сите други, ќе биде срушена. Апелирам до Усеини сам да си ја сруши дивоградбата. Мораме да воспоставиме ред, не заради УНЕСКО, туку заради нас“, рече претседателот на владата.

Тој а пелираше до граѓаните и до, како што рече,„почитуваниот советник Нефи“ Усеини сам да ја отстрани нелегалната пицерија.