„Името на техничкиот министер за внатрешни работи му го презентиравме на премиерот во заминување Зоран Заев, но тој побара време за дополнителни консултации. Немаше забелешки и дополнителни коментари.
Се работи за професионалец и нов човек во политиката”, изјави ХРистијан Мицкоски по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев.
Тој информираше дека разговарале и за останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада, како и за промена на изборниот модел.
Претходно, лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со Мицкоски изјави дека е задоволен од предлогот за министер за внатрешни во техничката влада.





