Премиерот Заев побара прочка од граѓаните на денот на истоимениот голем христијански празник.
“Сите ние да побараме прошка едни од други, да простиме и да гледаме напред! Да ги оставиме во минато време политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“. Само помирено општество кое го обединува множеството на различности, ќе донесе стабилна и просперитетна држава за сите наши граѓани.
Денешниот ден, Прочка, нѐ учи дека главните изрази на суетата и на зависноста од неа, се делбите и омразата. Пруживме рака за помирување со сите наши соседи. Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации. Да направиме уште еден подвиг од сите нас, за сите нас”, напиша Заев на социјалните мрежи.
Одговорите од граѓаните брутално критички:
“Во политика нема прошка, посебно ако од ВАС потекнува поделбата на анродот. Тоа едноставно е дволичност и некултура. Ако се понесувате со паганско-христијанските обичаи тогаш мора да еволуирате и да имате во државата подеднаква можност за сите,а не да гио сгрегирате луѓето, а да глумите на празници помирување. Бројките и популистичките изјави не значат ништо реалноста е сосема подруга. Затоа за помирување и сплотеност во друга прилика, реално треба многу да се сработи”, пишува на неговиот пост на Фејсбук во еден од поумерените одговори.
Во останатите Заев добива остри пораки од реални обични луѓе дури и негови екс симпатизери и гласачи.


На Твитер ситуацијата уште подраматична за премиерот.
Да ги оставиме во минато време политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“. Само помирено општество кое го обединува множеството на различности, ќе донесе стабилна и просперитетна држава за сите наши граѓани. pic.twitter.com/8sfs74Oxlu
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) March 10, 2019





