По пет години, време е да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ, изјави поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот „One chanel“.
Заев откри дека има уште еден брат
Тој оцени дека Договорот од Преспа отворил подобра иднина за двете држави, нова ера во меѓусебната соработка и регионалната стабилност
„Имплементацијата на Договорот од Преспа продолжува и на тоа се обврзани двете страни. Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ“, рече екс премиерот.
Во контекст на исполнување на обврските, Заев рече дека македонските граѓани, додава Заев, годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата.







