Заев, Пендаровски, Ахмети… продукти на коминтерновски антибугаризам (ВИДЕО)

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов повторно тврди дека во двете држави Бугарија и Македонија живее еден народ кој говори еден јазик.



Во интервју за бугарските медиуми Каракачанов своите стари тези ги надополнува со обвинувања кон македонската политичка елита за која тврди дека е продукт на “коминтернивски антибугаризам”.

“Бугарија е земја која секогаш и помагала на Македонија – ние први ги признавме, финансиски помогнавме, помогнавме и воено и за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален став. Добивме игри зад сцената”, изјави Каракачанов во студиото на „Денот започнува со Георги Љубенов“.

Според него, Бугарија инсистира Скопје да го спроведе потпишаниот Договор за соседство.

Тој не очекува промена во односите на Бугарија со САД по заминувањето на Трамп кога ќе дојде на власт администрацијата на новоизбраниот претседател Бајден.

Интервјуто во видеото на овој линк