Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, денеска уверуваше дека има пари во буџетот за реализација на петтиот пакет антикризни мерки, па дури и дека се подготвува шестиот пакет мерки кој ќе биде насочен кон угостителскиот сектор кој поради рестриктивните мерки не работи во овој период.
„Буџетот е стабилен и има добра наплата и во Управата за јавни приходи и во Царината„, рече премиерот
„Финансиски сме целосно подготвени. Само во март имаме 28,6 проценти поголема наплата на царината, на акцизата и на данокот на додадена вредност од март 2020 година. Првите 10 дена, имаме 150 отсто наплата, поточно повеќе од 50 проценти наплата и во УЈП и во Царина. Податоците ги имам до 8 април и за целиот квартал и во Царина и во УЈП имаме 2 милијарди и 800 милиони денари повеќе наплатено во споредба со 2020 година. Само во осумте дена од април имаме една милијарда и 180 милиони денари повеќе наплата во споредба со осумте дена од април 2020 година од царина“, истакна Заев.







