„ Ако не победиме во Скопје ќе се повлечам од премиерската функција и од лидер на СДСМ“, најави Зоран Заев во синоќешнотоо гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Всушност, премиерот ја повтори истата најава која пред два дена ја искажа на прес-конференција, кога рече дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите за градоначалник во Скопје, како и ако опозицијата освои повеќе општини во однос на СДСМ, тогаш тој ќе си поднесе оставка на функцијата.
„ Владата предводена од мене не може да влече напред кон ЕУ кога имате политики на локално ниво кои што ќе направат сè да се скараат со Бугарија, со Грција. Јас можам да се борам за едно и еднакво општество, да обединувам дома, но нема напредок ако дојдат националисти во градот Скопје и луѓе скриени позади независна кандидатка“, рерче синоќа Заев.






