Премиерот Зоран Заев во интервју за телевизијата Н1 од Србија откри дека на неговиот брат Вице му е одземена возачката дозвола поради сообраќаен прекршок, поентирајќи дека никој не е над законот, па ни неговиот брат.
„Треба секој да биде еднаков пред законот и да ја плати казната. Тешко е, еве првпат кажувам, кога доаѓа брат ми кај мене и ми кажува дека му ја одзеле возачката дозвола на четири месеци пред некој ден за брзо возење. Тоа е тоа, ако не го почитуваме законот. Секој е еднаков пред законот и треба да биде казнет“, објасни претседателот на Владата.






