Заев: Османи заборави дека албанскиот е втор јазик

Во синоќешното гостување на „Алсат М“, премиерот Зоран Заев го потсети вицепремиерот Бујар Османи дека албанскиот е втор, а македонскиот јазик е прв официјален јазик во Македонија и единствен официјален за меѓународна употреба.



„Мојот пријател и потпретседател на владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски. Јас како прв претставник на Владата мислам дека законот е уставен. Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален јазик, за меѓународна употреба само македонскиот јазик, прв е македонскиот, употребата е јасно разграничена“, рече премиерот.

Премиерот рече дека „има криза заради тоа што некои политичари сакаат да се китат и со туѓи перја. Овој закон не е на ДУИ, овој закон е и на СДСМ, на Зоран Заев, на Беса, на сите што сме внатре, турска, пензионерска партија….Сите го поддржавме, сите го гласавме и мора да биде во духот на Едно општество за сите“.

не ми требаат мене националзми од ниедна страна, рече уште премиерот.

Вчера, премиерот соопшти дека Законот за употреба на јазиците е испратен за мислење во Венецијанската комисија, иако ден претходно вицепремиерот јавно искажа сомневање во објективноста на Комисијата.