Во легализацијата на марихуаната премиерот Заев гледа можност за сериозен економски потенцијал на државата и за успех во борбата против употреба на тешките наркотици.



„Во смисла на декриминализацијата, потребно е да се сменат Закони, дел од Кривичниот закон, делот за опојни дроги. Тоа ќе го отвориме во првото полугодие на 2021 година и генерално реакциите за ова прашање се позитивни, рече Заев вои гостување на Алсат.

Заев истакна дека во земјите каде е легализиран канабисот, се чувствува економскиот потенцијал за развој на сите услужни дејности и многу од консументите се откажуваат од хероин, кокаин, од сите тие тешки дроги.

– Во едни такви околности, јас ја отворам дебатата, верувајќи дека ќе доминираат помладите, поавангардните сили во државата. Логично ми е, постарите да бидат порезервирани, повнимателни и тоа опстојува. Но, конечната цел, остварува одличен економски раст и развој. Отвора нови работни места, внесува девизен прилив во државата, помага многу во борбата против користењето на други наркотички средства“, рече Заев пренесе Плусинфо.