Лидерот на СДСМ Зоран Заев ја одби поканата на ТВ Алфа за дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Заев истакна дека останува достапен на располагање за дуели на други места, ако пристигнат покани.
„Јас доколку има покани за дуел на другите медиуми со Мицкоски ќе прифатам, само на тв Алфа не“, рече Заев.
Претходно лидерите на двете најголеми македонски партии имаа дуел на Канал 5.






