Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието ќе се сретне со лидерите на албанските опозициски партии за поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО.
Заев претходно ги најави средбите со помалите партии со цел обезбедување 80 пратеници за изгласување на Законот за што се потребни и гласовите на пратениците од партиите на Зијадин Села и на Билал Касами.
За денеска во 18 часот во Министерството за правда е закажана и трета средба на работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако опозициската партија испрати 65 амандмани за Предлог-законот.





