Заев со видео се обрати на граѓаните!

Премиерот Зоран Заев синоќа постираше видео-спот на Фејсбук со порака до граѓаните додека јавноста очекуваше позитивни вести околу датумот за отпочнување преговори од лидерите на ЕУ:



„Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме, а од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни.

Никој не може да не спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме – патот на раст на платите, патот на борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето, патот на социјална заштита на ранливите, патот на градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин“, вели Заев во видеото.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2370367906613442/