Заев од денес во самоизолација: Немам симптоми

По веста дека тој и лидерот на ВМРО-СДСМ имале контакт со новинар на една ТВ кој бил заразен со коронавирус, лидерот на СДСМ на Фејсбук ја извести јавноста:



„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на Ковид-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица.

Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори“, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на фејсбук.