Заев: Од „бомбите“ 70% се приватни разговори

Премиерот Зоран Заев за вели дека се нереални очекувањата дека сите „бомби“ ќе бидат објавени бидејќи 70 проценти од разговорите се приватни.



“Јас ги предадов комплетно сите разговори. Ако некогаш е кажано дека Заев ќе ги објави приватните разговори помеѓу луѓето, сакам да ја видам таа снимка. Од приватните сум си дозволил да објавам само еден, а тоа е разговорот помеѓу мене и мојата ќерка.

Разговорите што одлучи да ги објави СЈО беа разговори во кои има криминал. Верувам сето она што било како индиција е дел на поднесено обвинение, истрага или предистрага, истрагите продолжуваат“, вели Заев.

Извор: Независен