„ Нормално дека БЕСА е дел од Владата. Собранието ја нема констатирано оставката на министерот Арјанит Хоџа, ниту пак на другите раководни лица од БЕСА. Затоа и логично е да каже дека се дел од влада, изјави премиерор о оставка Зозан Заев за „Слободен печат“.
Дека БЕСА се уште е дел од Владата, смета и пратеникот Кастриот Реџепи, кој не се појави на собраниската седница на 11 ноември за гласање доверба на Владата.
– Движењето БЕСА не е излезено од Владата, бидејќи нема одлука. Ниту се влегува во Влада, ниту се излегува со изјава, прес или Фејсбук статус. Јас сум потпретседател на БЕСА и знам кој е органот што одлучува. Исклучување на коалиции врши Централниот одбор, кога ќе реши Централниот одбор дека Движењето БЕСА не е дел од мнозинстото, тогаш и јас како член на БЕСА треба да размислам за да ја почитувам таа одлука. Во моментот, органот што има мандат да решава е Централниот одбор, и движењето БЕСА е во владината коалиција, изјави вчера Реџепи, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Собранието.
Оставки од функциите, на 12 ноември поднесоа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа заедно до двајцата заменици-министри од движењето Беса.







