Лидерот на СДСМ, вели дека тој ги немал аудио снимките на кој се слуша пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски, како разговара со екс претседателот на Врховен Вангеловски.
Заев вели дека се што псоедувале од прислушувани разговори во СДСМ било предадено на СЈО.
„Да не заборавиме кој тоа прислушувал во државата и да не заборавиме дека цело време укажувавме дека само еден дел од тие материјали добивме кај нас.
Овој материјал којшто го слушнав навистина е податлив па и за тоа време би го објавиле веројатно ако сме го имале во тоа време како директно влијание во судството. Јас го видов ние не го објавивме, можно е и да не постоел во тие материјали што допреле тогаш до нас“, вели Зоран Заев.





