Преименувањето на две училишта во општина Чаир, за што вчера на својот Фејсбук профил инфомираше министерот за образование Арбер Адеми, за лидерот на СДСМ е незаконско и повика Централен регистар да ја поништи постапката.
Министерот за образование Арбр Адеми вчера на Фејсбук сподели информација дека потпишал промена на имињата на две училишта во Чаир – „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“.
Веста ја пренесоа медиуми по што имашпе бура реакции на социјалните мрежи.
„Со записник на некој си училишен одбор надвор од законските прописи е спроведена одлуката и доставени се материјалите. Ги повикувам институциите да постапат по закон. Законодавецот предвидел како се менува нaзив на училиште и тоа го одлучуваат граѓаните преку своите претставници“, рече екс-премиерот Заев денеска на прес-конференција во седиштето на партијата, одговарајќи на новинарско прашање за преименувањето на училиштата.
„ Ги видов аргументациите во јавноста, кои се доволни за сeриозна дебата.
Немаме намера да отвораме paни на какви било нaционализми. Ние сме демократска земја, каде владее правото и граѓаните имаат еднакви права и обврски“, рече Заев.
Вчера, екс-премиерот рече дека се грешка и поставувањето двојазични табли во повеќе општини.






