Заев нема проблем само со придавката Македонски (ФОТО + реакции)

Премиерот не знае да ја напише буквата М ракописно латиница и ја меша со ш кирилица, е заклучокот на многумина на социјалните мрежи откако во јавноста се појави фотографија од Заев како пишува на табла.



Според фотографијата премиерот има проблем со пишување на буквата која ја пишува како ш кирилица ракописно што е сосема спротивно од тоа што го сугерира лингвистиката и практиката.

Според многумина тоа е знак дека премиерот освен што има проблем со користењето на придавката македонски како во случајот со фудбалската репрезентација има проблем и со познавањето на сите букви од латиницата и кирилицата.