Нема предвремени избори и нема да има неосновано изнудување на оставка на Владата. Нема ниту потреба, ниту логика за оставки. Таквата постапка би била изневерување на сите што дадоа поддршка за европската агенда на земјата. Владата е стабилна, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.
Околу можноста за предвремени парламентарни избори, кои ги бара опозицијата по бугарското вето, но и за работата на Парламентот во ситуација, кога и власта и опозицијата излегуваат со тврдења дека го зголемуваат бројот на пратениците, Зев вели дека е почнат процесот на европеизација на земјава и спроведување на реформска агенда до конечно членство во ЕУ..
Додава дека тоа е стратешка цел Владата, одобрена од мнозинството граѓани на последните избори.






