Заев: Нема да воведеме санкции против Русија

Македонија, заедно со Србија, остануваат двете земји кои нема да ја следат политиката на ЕУ и да воведат санкции против Русија и нема да го следат примерот на Црна Гора и Косово, изјави денеска премиерот Зоран Заев.



„Има простор директно да ги продаваме нашите земјоделски производи во Русија, а не документацијата да оди преку Србија. Секој пазар што досега бил неотворен за нас, може да придонесе за нашиот развој со зголемувањето на нашиот извоз во таа земја“, рече Заев на денешното одбележување на 25-годишнината од воспоставувањето на македонско-руските дипломатски односи.

Тој додаде дека Македонија ќе соработува со Русија, со Кина и со земјите од Блискиот Исток и Азија, но дека тоа нема да влијае на фокусот кон заклченувањето во НАТО и ЕУ. 

Тој вели дека отворањето на дијалогот со Русија не е одговор на Македонија кон Брисел по неодлучноста да и се даде на земјата датум за преговори.