Заев: Нема да ме скарате со Грците

Премиерот во вечерашниот дуел со лидерот на опозицијата во емисијата „Само вистина“ избегна да одговори н прашањето на кој јазик зборуваат луѓето во Егејска Македонија, то го постави Мицкоски..



„Нема да ме скарате со Грците“ рече Заев и објасни дека е внимателен политичар кој внимава на Договорот од Преспа кој го деблокираше процесот на земјата кон НАТО и ЕУ а го зачува идентитетот и јазикот.

 А македонски се зборува и тука во Северна Македонија и во дијаспората рече Заев.

Премиерот истовремено побара од Христијан Мицкоски да каже дали ако дојде на власт ќе го поништи Преспанскиот договор.