Нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања.
„Локални избори заедно со парламентарни нема да има. Ја повикувам секоја партија којашто мисли дека треба да има, нека се изјасни јавно. Коалиционите партнери – владини и тие што го сочинуваат парламентарното мнозинство апсолутно се на ставот дека во државата треба конечно да има редовни избори“, рече Заев.





