Премиерот Зоран Заев со објава на социјалните мрежи честиташе 30 години независност на Македонија
„8 септември, Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Северна Македонија.
Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи.
Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други, Нека ни е честит јубилејот – 30 години независност.
Нека ни се вековити самостојноста и државата. Да живее Република Северна Македонија“, објави премиерот.








