Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција,рече дека прв пат слуша за аферата со скандалозниот извиднички камп кај скопско Грдовци.
Премиерот рече дека не е воопшто запознаен со случајот и побара новинарското прашање што му беше поставено да се испрати на писмено за да го одговори подоцна.
По Обвинителството, кое оформи предмет за организирани несоодветни активности со сексуална содржина во кои учествувале деца, и канцеларијата на Народниот правобранител се заинтересира за случајот и отвори предмет по сопствена иницијатива.
Секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир – македонската јавноста е шокирана од сведоштавата за случувањата на извиднички камп организиран во близина на Скопје, во кој учествувале средношколци. Во кампот, наречен „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол” наменет за извидниците над 16-годишна возраст, учествувале 40 малолетници.






