Околу забелешките од ДУИ за назначувањето на Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање, премиерот, одговарајќи на новинарско прашање рече дека Претседателот има право и надлежност да постави кого смета дека е најдобар за директор на Агенцијата за разузнавање.
Заев додаде дека претседателот понекогаш знае да ги консултира за некои прашања, меѓутоа според него, тие се негови надлежности и право на претседателот.




