Заев не открива детали за средбата со Меркел, неговиот кабинет не крие кога и каде

Премиерот Заев денеска најави дека наскоро ќе се сретне со германската канцеларка Меркел но одби да каже каде и кога ќе биде средбата која е веќе договорена.



Додека тој крие, извори во неговиот кабинет брифираат дека средбата која била договорена минатата недела ќе се случи во вторник или среда во Берлин каде Заев треба да отпатува со мала делегација.

Тема на средбата е датумот за преговори за Македонија и реформите кои земјата мора да ги спроведе ако сака да се надева на брз почеток на преговори.

Во кабинетот на Заев не исклучуваат и негативен исход од средбата но се надеваат дека и за јавноста по средбата со Меркел ќе стане јасно дека тој не ја загубил поддршката од Германија и ЕУ како што сака да прикаже опозицијата.

Во Берлин на средби со претставници на германската влада на почетокот на неделава беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.