На вчерашната заедничка прес конференција со премиерот на Словенија во оставка, Миро Церар, шефот на македонската влада , рече дека очекува поддршка од целата меѓународна заедница за членство на Македонија во НАТО.



Одговарајќи на новинарско прашање премиерот, како што пренесува „Канал 5“, рече дека не очекува вето од  постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Русија и Кина, доколку се постигне договор со Грција за името.

Македонија минатата недела донесе одлука за протерување на еден руски дипломат со образложение дека се солидаризира со Велика Британија околу случајот со труење на двојниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во градот Солзбери, Англија.