Премиерот Зоран Заев вели дека во интерес на „европеизацијата“ на земјата не треба да се дава „етнички карактеристики на фашистичкиот окупатор“, дообјаснивајќи го вчерашната намера од историските учебници да се исфрли“ зборот „бугарски“, а да остане само „фашистички окупатор“.
Тој тоа го објаснува со „фактот’ дека и во Македонија за време на Втората светска војна имало лица кои биле соработници со фашистите и затоа не треба сега нациите да се врзуваат со фашизмот.
„Во европските земји фашизмот нема етничка боја, нема национална боја. Фашистичкиот окупатор има поставеност во делови на структури, групи, или би го нарекол, одредени лидерства во целиот овој период.
Ние имавме соработници на фашизмот и овде во Македонија целиот тој период. Не може да кажете дека цела една нација била фашистичка.
Не можете да кажете и за нас дека сме биле сите со партизаните, бидејќи имало и некои кои биле соработници на фашистичкиот окупатр во Втората светска војна“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање.






