„Јас сум среќен кога ќе се сетам каде бевме, а каде сме сега, до каде стигнавме. Бевме држава во изолација во која граѓаните живееја во страв, држава со политички тензии, а денес зборуваме за пријателства со соседите, за повисоки плати и за слобода. Слобода е, и критиката ја сфаќам како можност за корекција на власта. Следам внимателно и од каде доаѓаат тие критики. Доаѓаат од амбициите за позиции, но доаѓаат и од високите очекувања на граѓаните. Секогаш се трудам да ги земам предвид оние кои се конструктивни и аргументирани за да ги поправаме политиките и однесувањата, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за агенцијата МИА објавено денеска.



Делови од интервјуто беа објавени вчера што предизвика огромен интерес и реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

 

 

 

 

 

 

Запрашан за разговорите околиу името, колку е тоа услов и можно ли е некаков специјален статус, некаков влез во НАТО, а во перспектива да дојде до решавање на ова прашање, премиерот во интервјуто вели:

„Тоа, што некои кулоари велат, може и под ФИРОМ ќе влеземе, ќе не внесат без разлика дали ќе го решиме името или не, мислам дека тоа не е возможно. Зошто? Кога беше Генералниот секретар на НАТО Столтенберг овде рече не бива таа работа. И, тоа е чесен пристап. Да знаеме, јас да знам, и граѓаните на Македонија да знаат дека ако не најдеме прашање на решението на проблемот што Грција го има со нашето уставно име, ние покана за членство во НАТО нема да добиеме.

Да, возможно е асоцијативно членство по теркот на Шведска и други земји, може да добиеме како што добивме по 2008 година, Стратешко партнерство со Америка, со Турција, со земји пријатели. Немаме проблем за тоа, но нашата желба е членство во НАТО. Асоцијативното членство, веројатно ќе го добиеме. Јас дури и не размислувам дали ќе го добиеме или не, оти јас очекувам покана за членство во НАТО. Веројатно за тој период, додека се ратификуваат договорите, би требало да одиме на референдум, ако имаме решение на проблемот, да го искористиме. Гледам, во Црна Гора, година и пол траеше ратификацијата. Имаме доволно време, но поканата за членство во НАТО, значи НАТО. И, нема дилеми дека ќе го ратификуваат земјите. Додека трае целиот овој процес, тоа, паралелно значи инвестиции. Паралелно значи фондови, паралелно значи повеќе пари за граѓаните. Паралелно значи и повисок стандард за сите нас. И, јас сум убеден дека треба да бидеме 100 процентно фокусирани на отворање на перспективите на нашата земја или како што спомнав пред малку и како што велат некои пријатели, добивање на имотниот лист за Република Македонија“.

Претседателот на македонската влада го повтори и образложи неговиот став дека не се потребни предвремени избори, туку реформи“.

„Јас, реков јавно и ќе го повторам ставот пред вашиот ценет медиум, каков што е МИА: Јас сум против предвремени избори. Зошто сум против? Прво, критикував, кога се одеше на предвремени избори. Второ, доаѓам од деловниот сектор. Постојани избори се проблем за стопанството. Проблем се за секое семејство во планирањето. Чесно е, премиерот кога има такво чувство, да го сподели тоа чувство со граѓаните. И затоа реков: Јас не сум за предвремени избори. Чесно е, Владата да го истера својот мандат, до крајот на еден цел изборен циклус, односно четиригодишен мандат. Тоа за бизнисмените значи отворен пат за добро планирање. Тоа за секое семејство и за граѓаните значи можност за извесност и предвидливост, што да прават во наредните две три години кои што остануваат до редовните парламентарни избори. Јас гледате колку убедено зборувам, заради тоа што сакам и себеси да се убедам дека ќе добиеме покана за НАТО. Ќе добиеме датум за почеток на преговорите и тогаш ако одам на избори, веројатно ќе добиеме многу повеќе од 49 пратеници, колку што сега добивме. Ама, тоа е горко чувство. Ќе речат, Заев само сака повеќе мандат и повеќе години да владее. Но, што со земјата наша? Што со процесите кои ќе ги сопреме? Што со  инвестициите кои се подготвени, па се одложуваат? Значи, во ред, јас ќе го прокнижам тој успех, ама треба да покажеме и економски резултат. Треба да успеат реформите до крај. И на крајот, на купче, нека не ценат граѓаните, во 2020 година кога се редовните избори, ако сме добри, ќе не поддржат, ако не, здраво е да се случат промените“, вели

Целото интервју на премиерот Зоран Заев за МИА.