Во синоќешното гостување на ТВ21, професорот и поранешен министер во два мандати, Љубомир Фрчковски упати отворена критика кон премиерот Зоран Заев кој е на чело на Комисијата за реформи во судството.
Доколку сака реформи, рече Фрчкоски, Заев треба да се послужи со меѓународна помош, бидејќи вака никогаш нема да има добра реформа во судскиот систем.
„Заев не треба да ја води комисијата бидејќи тој е економист не е правник. Политичка одлука кого ќе консултирате, мора да ги извлечете на овој ќе му верувам, на овој, на овој. Е сега кај нас тоа фали. Не може дури ни премиерот да ја води комисијата за реформи, мислам дека тој сака да и даде значење со тоа што ја води. Меѓутоа што бара таму? Он е економист“, вели Фрчкоски.




