СДСМ нема да дозволи одземање на пратеничката функција на експремиерот Никола Груевски кој доби политички азил во ЕУ.
Формално алиби за ваквата позиција на СДСМ најде во уставот, законите и деловникот на Собранието но неформално приказната е друга.
Извори блиски на неодамна сменет потпретседател на СДСМ тврдат дека Заев има две пречки за да му ја одземе пратеничката функција.
Првата пречка е неможноста СДСМ во Собранието да обезбеди 80 пратеници а втората е политичка, доколку Груевски веќе не е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Заев и неговата партија го губат единствениот (полу)аргумент во своето тврдење дека опозицијата е под контрола на својот екс претседател.
Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов денеска потврди дека СДСМ нема да дозволи одземање на пратеничката функција на Груевски ако тој лично не се појави во Собранието.
Минатата недела Заев изјави дека оваа гарнитура во ВМРО-ДПМНЕ е полоша од таа во времето на Груевски што отвори и други дилеми за односот на СДСМ и осуденикот што без никакви проблеми ја напушти Македонија а никој од власта не понесе одговорност за тоа.




