Премиерот Зоран Заев иако децидно не го отфрли, сепак не го прифати предлогот Драган Ковачки да биде министер за внатрешни работи во техничката влада.
Заев имал дилеми бидејќи станува збор за воено лице и дали тоа е во согласност со Член 97 во Уставот, Законот за внатрешни работи и Законот за служба во армијата.
Според премиерот, спорно е воено лице да врши функција во МВР, бидејќи за таа должност треба да се назначи лице кое е цивил последните три години.
Премиерот повика на дебата за предлогот меѓу експертите и стручната јавност, со цел да се оцени релевантноста на истиот.
Заев верува дека ова не е единствен кандидат на опозицијата доколку се покаже како спорен.





