Премиерот Заев ги отфрли барањата на
опозицијата која веќе неколку недели бара оставка поради неуспешните преговори со Бугарија.
Иако предходно најавуваше дека ако не добие датум за почеток на преговорите со ЕУ ќе си даде оставка сега по фијаското со евроинтеграциите премиерот Заев во „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека тоа нема да се случи.
Причината за недавање оставка ја гледа во неговото мислење дека народот стои зад европската агенда и институции под контрола на владата добро му служат на народот.
„Нашиот народ стои на европската агенда. Целиот наш народ е зад нас, и ние сите најодговорните од извршната, локалната власт и претседателот Пендаровски, му служиме најдобро“, рече Заев.
Заев смета дека е добро што изборите биле одржани летото, затоа што истите ќе требало да се случат сега, а тоа не би било умно со оглед на високите бројки на заразени со коронавирусот.
Заев во интервјуто не презема одговорност за ниту една негативна ситуација во земјата, ниту за евроинтеграциите за кои беа потпишани два договори ниту за вториот бран од ковидот кој носи десетици животи секој ден.
Што изјави Ахмети за убијците на 8 полицајци?
Ахмети откри “дил” со Заев за Диво Насеље – Се спасуваат ли убијците на 8 полицајци?





