Заев: Намалување на администрацијата за 20 отсто…

Имаме истакна премиерот Зоран Заев Во синоќешното кгостување во емисијата „Економски магазин“ на ТВ АлсатМ, премиерот Зоран Заев рече дека силна политичка волја и подготвеност за целосно и длабоко спроведување на структурните реформи, нешто што беше нотирано и во Извечтајот на ЕК.



Некои од тие мерки, рече премиерот се непопуларни, но ќе мора да бидат спроведени.

„Драстичното намалување на непродуктивните трошоци, вклучително тука и намалување на администрацијата за 20 проценти е нешто што ќе ослободи дополнителни финансиски средства за да ја помагаме економијата со капитални инвестиции.

Нашата продуктивност мора да ја изедначиме со онаа на земјите од ЕУ, а тоа ќе дојде со доследно спроведување на реформите од правосудството до образованието“, вели премиерот Заев.