Расте нервозата во редовите на власта по двете дебати Заев – Мицкоски и Сиљановска – Пендаровски кои според неутралните гласачи ги доби опозицијата.
Заев сега се заканува дека ќе направи преседан и за прв пат еден премиер ќе тужи лидер на опозиција за политички обвинувања.
“Мицкоски бесрамно лаже заради изборите, свесен е дека губи како што јас сум сигурен дека победуваме”, рече Заев вчера за Тера.
“На тој состанок не бевме сами, беа Ахмети и Беса”, вели Заев кој демантира дека на Мицкоски му биле нудени 5 министерски места во замена за поддршка за Преспанскиот договор.
“Не е вистина тоа што го зборува Мицкоски – Политичко калкулантсво. Мицковски уште бајаги долго ќе губи на избори бидејќи не ја почитува државата”, вели Заев кому Мицкоски му порача дека ќе се слика селфи само ако ги врати 8те милиони евра заработени за проектот Глобал поради кој актуелниот премиер беше аболициран од Црвенковски.
“Изгледа ќе треба да го тужам Мицковски, за Глобал”, рече Заев за Тера.




