Социјалдемократската младина на Македонија организира Јавна трибина на тема: Легализација на канабис, објавува СДСМ.
Дебатаг кќе се одржи на 28 мај (петок), со почеток од 17:00 часот, на Зелениот кров на Дом на градежници.
Меѓу најголемите актери во бизнисот со марихуана е голем број на луѓе блиски на семејството на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
Во текот на последнава година во бизнисот со одгледување на марихуана се случија неколку големи инциденти во кои беше фатена огромна количина марихуана од страна на американската ДЕА, исчезнаа тони марихуана од кои дел во Арачиново, а во Крушевска фирма беа најдени нерегистрирани насади на марихуана.
Сите овие скандали не ги спречуваат младите социјалдемократи да продолжат да лобираат за темата која ја најави и ја турка нивниот партиски шеф Заев.
Социјалдемократската младина на Македонија организира Јавна трибина на тема: Легализација на канабис, која ќе се одржи на 28 мај (петок), со почеток од 17:00 часот, на Зелениот кров на Дом на градежници. pic.twitter.com/zZyL0xMcTZ
— SDMM (СДММ) (@SDMMakedonija) May 25, 2021






