Македонија а одобено Пелагонискиот регион се соочува со огормен недостаток на работна рака поради се помасовното иселување и ниските плати, беше констатирано на средбата на премиерот Зоран заев со претставници на стопанските комори на Прилеп и Битола.



„Во однос на оперативната работна сила разговаравме за можноста на увоз на работна сила од други земји“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална Стопанска комора Прилеп.

 Од своја страна премиерот Заев рече дека ќе се преземмат конкретни мерки да се овозможи тоа.

„Тоа е во делот на европската економска агенда за регионот и верувам дека ќе успееме тоа да го поставиме, но и либерализацијата на одредени визни режими за одредени земји, кои што досега имале виза ако сакале да дојдат во нашата земја, не само како потенцијални работници, пред се како туристи, како потрошувачи или слично, од секој карактер. Тие дебати се отворени во Владата“, изјави премиерот Зоран Заев.